Category Archives: Без категорија (за сега)

Прием кај Претседателот на РМ

Преземено од страницата на Претседателот Иванов:

Онаму каде што е репрезентацијата, таму е и Македонија. Вие сте идоли на младите генерации и благодарение на вас многу млади го одбрале и ќе го одберат спортот.

Капитенот на машката ракоментна репрезентација Кире Лазаров […] истакна дека ќе направат се’ достојно да ја презентираат Македонија во светот. Ќе се бориме, нема да калкулираме и се надеваме дека на крај сите ќе се радуваме на нашите успеси, истакна Лазаров.

http://www.president.gov.mk/mk/2011-06-17-09-55-07/2011-09-03-11-36-59/1840.html

Време и облека

Од страна на опрема, ви препорачувам задолжително да земете очила за сонце, затоа што сонцето е доста силно и во јануари. Исто така, не е на одмет да понесете и чадор, затоа што јануари е во дождовната сезона. Оваа година нема многу врнежи од дожд, а и кога ги има, не траат многу и не се обилни. Мала е веројатноста дека ќе има обилни врнежи кога ќе дојдете, но никогаш не се знае.

Температурите се движат од некаде 5 до 10 степени ноќе, до некаде 15 до 20 степени во текот на денот. Многу дебела зимска облека нема да ви биде многу потребна, но не е лошо да се носи по некое шалче и ракавици. Влажноста е доста голема и кога не врне, па студот се чувствува на поинаков начин.

Шопинг

Не можеше да се погоди подобро време за почеток на првенството од средината на јануари, кога се однесува на шопингот. Од седми јануари па во тек на скоро 2 месеци траат зимските попусти. Навалицата е особено голема во продавниците за облека на C&A, Zara, H&M, Stradivarius, Bershka, Mango, Оysho, Pull & Bear, Promod и останати. Доколку имате среќа да ја преживеете гужвата и да зграбите парче облека, можете навистина да направите добра зделка (кошули од Манго или Зара за 5-10 евра, вечерни фустани за 20ина евра, итн.) Како што одминува времето на попустите, така паѓаат и цените, но исто така останува и се помалку роба. Најголем дел од стоката се разграбува во првите денови, а последниве години како што се продлабочува кризата, производите на попуст се продаваат се побрзо. Поради тоа, доколу сте заинтересирани за шопинг, ви препорачувам да поминете низ центарот на Севилја и да ги посетите продавниците.

Одличната работа кај сите продавници е што примаат враќање на купената стока, се разбира доколку не е користена или оштетена. Во зависност од продавницата, имате од 7 до 30 дена да ја вратите купената роба. Во најголем дел од случаите парите ќе ви бидат вратени во целост на оној начин на кој што сте платиле, или пак ќе ви дадат бон во износот на робата кој можете да го искористите во истата продавница. Малите самостојни продавници за облека обично ја враќаат робата единствено со издавање на вредносни бонови од истата, но сепак има исклучоци.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...