Category Archives: Без категорија (за сега)

Хотел Еуростар Исла де Картуха

За сите оние кои се или ќе бидат сместени во горенаведениот хотел, а кој се најдува во склоп на Олимпискиот стадион: за да стигнете до центарот, имате неколку начини за патување.

Можеби најбрз е да порачате такси и да ве однесе до центарот. Бидејќи хотелот се наоѓа надвор од градската граница на такси, може да ви наплатат дополнителна такса. Исто така, таксиметарот го вклучуваат од моментот на пристигање на местото (мислам дек наплаќаат и за повикот). Спред некои приближни проценки, би ве чинело некаде 15 евра, но ако се соберете 4-5 патници, може и да не ви излезе скапо.

Втор и можеби најекономичен начин е со воз. Во непосредна близина на стадионот (мислам позади) има железничка станица. Фатете воз во правец Севиља Санта Хуста и слезете на таа станица (Санта Хуста). Салата Сан Пабло се наоѓа на некои 15ина минути одење од тука, по авенијата Канзас Сити, правец аеродром.

Трет и малку подолг начин е да одите со автобус. Од излезот на хотелот продолжете право под тој малиот мост. Според мапата, на местото каде што уличката од хотелот се приклучува на големата улица, има постојка. Фатете го автобусот С1, кој се најдува од спротивната страна. Можете да одите и со С2, но тој ќе ве однесе од другата страна и ќе имате подолг пат. Независно од станиците, билетите се со една цена. Доколку одите в сала, слезете пред Санта Хуста естасион де тренес (постојката се наоѓа на еден мост наспроти влезот на станицата). Оттука, или продолжете пешки (15ина минути) или фатете автобус бр 28 правец парке Алкоса (Parque Alcosa).

Летови до Севиља

По барање на нашите посетители ја отвараме оваа статија каде ќе можат да споделуваат информации за летови до Севиља. Бидејќи ние не располагаме со такви информации ги замолуваме сите корисници да ги споделат своите искуства и информации меѓусебе.

 

Фан зона

Во преговори сме со еден ресторан во близина на салата и очекуваме вести. Идејата е на многу корисници на овој сајт да се собереме на едно место каде ќе се забавуваме пред или после натпреварите.Тоа што сопственикот на ресторанот го бара е да се знае дека секој ден ќе има луѓе таму кои нормално ќе прават порачки и кои порачки нема да се сведат само на неколку пива.

Затоа ни треба ваша помош. Пишете доколку сте во можност како ја замислувате фан зоната, колку време обично би поминувале навивачите таму, дали би било само за пијалоци или и за храна. Доколку има доволен број на посетители, сопственикот се согласи да ги намали цените на неговите понуди.

Тие што имаат искуство од претходните натпревари, нека кажат како било претходно, за да имаме некоја идеја.

Обновено: Благодарност до сите посетители на страната кои ги споделија своите искуства со нас. Би сакале да напомениме дека во Шпанија поточно Севиља, сендвичи се многу ретка појава. Ниту еден од локалите кои ги контактиравме за фан зона не сакаше да служи сендвичи. Она што го понудија е мени кое се состои од предјадење, главно јадење, еден пијалок, леб и десерт. Цената е 8 евра.

Исто така можат да се порачаат одделни порции се по 3-4 евра. Овие порции вклучуваат само едно јадење без пијалок.

Доколку сте заинтересирани ве замолуваме да не информирате најбрзо што можете.

Сместување

Денеска беше навистина бурен ден, навистина не очекувавме ваква силна реакција на нашата страница.  Добивме огромен број писма со пофалби и прашања. Однадред се извинуваме што не сме во можност да одговориме најбрзо. Некои посетители на сајтот кои се уште немаат обезбедено сместување,  прашуваа за можности околу сместувањето.

Доколку има и други заинтересирани за сместување, оставете податоци преку контакт формата (види најгоре на страницата, Контактирајте не) и ќе се обидиме да ви најдиме економично сместување во најкраток рок. Секоја нова информација ќе биде споделена на сајтот.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...