Category Archives: Без категорија (за сега)

Благодарност

Им благодариме на сите посетители на нашата страница кои безрезервно ја бодреа нашата репрезентација овие денови. Воедно, би сакале да им се заблагодариме за нивната поддршката и убавите зборови насочени кон нас.

Информација

Натпреварите во Севиља од групната фаза на Светското првенство во ракомет 2013 завршија. Им посакуваме се’ најдобро понатаму и се надеваме на добар пласман.
Сајтот продолжува да служи како информативен водич за Севиља.

Навивачи за Барселона или Сарагоса

Добивме неколку писма со прашања во врска со тоа дали навивачите се организирале на некаков начин за вториот круг, како и за тоа дали имаат обезбедено карти и во кој сектор од салата. Па, ако има некој што ќе оди во Барселона, нека испрати коментар, да им помогнеме на Наце и Дивна.

Македонија – Русија 29:29

За жал, поради работни обврски не бевме во можност да го следиме овој натпревар, исто како и претходниот против Исланд, па поради тоа не можевме да објавиме нови содржини.
Најпрво, честитки на ракометарите за освоениот бод и обезбедениот пласман во осминафинале. Сега останува уште натпреварот против Данска па момците да го заверат и билетот за точната локација, Барселона или Сарагоса. Да се надеваме дека ќе им се „одмаздат“ за нерешениот резултат од претходното Европско и ќе покажат дека не се нашле случајно на овој светски собир.
Инаку, ако добро се сеќавам, и на првото Светско првенство на кое Македонија учествуваше, успеавме да извадиме нерешено со Русите (поправете ме ако грешам). Како што можам да видам од распоредот на натпреварите, со нив би можеле да се сретнеме повторно во финалето, па ајде таму да ги победиме :)

Од она што можам да видам од извештаите, натпреварот бил интересен и рамноправен, според некои и најдобриот до сега во сите 4 натпреварувачки денови. Ама не знаат дека најдоброто допрва доаѓа! :)

Се гледаме в петок против Данска, да ги срозиме!

Каде сте сместени во Севиља

Некои од навивачите кои ќе доаѓаат наредната недела се’ уште немаат резервирано хотел. Сакаат да знаат во кои хотели се сместени нашите навивачи за да бидат заедно на едно место.
Овде можете да споделувате информации околу тоа.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...