Category Archives: Општо

Кафе, пиво, цигари

1) Освен ако не сте сосема сигурни дека во барот се прави добро еспресо, немојте да порачувате такво кафе. Чистото кафе кое што го подготвуваат тука е само за самоубијци :)

Стандардната форма на шпанско кафе е со млеко (кафе кон лече) во различни варијации. Кортадо е повеќе кафе, а помалку млеко, додека манчадо е обратно. Не вреди да се порачува капучино, затоа што нема голема разлика од обично кафе (зборувам за просечни шпански барови). Во некои од „помодерните“ барови можете да ги најдете сите вам познати форми на кафе (еспресо, капучино, макијато итн).

2) Доколку порачате пиво (сервеса) во бар, ќе ви донесат чаша наливно пиво со различна големина. Квалитетот е различен, зависи колку гас се пушта низ пивото, иако стандардната марка е Крускампо или Мау. Доколку сакате да ви донесат во мало шише, тогаш треба да порачате „ботељин“. Некаде има „оферта“ од 4-5 шишенца за 5-6 евра. Од секоја опција, наливно или во шише, имате и безалкохолна варијанта (сервеса син).

Стандардна цена на кафе и пиво се движи од  1,10, до 1,60. Пред да порачувате било што добро би било да го консултирате менито, затоа што цените може да варираат од турист до турист :) .

3) Цигари: во борбата против пушењето, цените на цигарите се изгор скапи и се движат од некаде 4 евра па нагоре. Марките се Камел, Честерфилд, Марлборо, Дукат и некои други локални. Се продаваат во продавници „тобако“ или пак во машини во баровите. Кога купувате во бар, треба да му побарате на барменот да ја активира машината за да можете да си купите цигари. Пушењето е забрането на сите затворени места, барови, ресторани и железничката станица. Можете да пушите пред рестораните или во нивните отворени делови, но никако веднаш пред болница, здравствен дом или паркови за деца (иако Шпанците го прават тоа, сепак вие сте странците и можете побрзо да си го „однесете“).

Поради високите цени, не е лошо да понесете цигари од дома. Некоја штека екстра нема да биде на одмет, ќе ни се најде, доколку цените се поевтини од овде.

Телефони

Доколку ѕвоните на некој телефонски број во Шпанија од Шпанија, треба да имате во предвид дека пред броевите нема нула, како што е вообичаено во други држави. Сите телефонски броеви се со 9 цифри, мобилните почнуваат со бројот 6, а фиксните броеви со бројот 9. Доколку ѕвоните преку роаминг, проверете кај вашиот мобилен оператор како да бирате шпански и македонски броеви.

Поважни телефонски броеви:

Итни случаи од секаков вид   112

Национална полиција             091

Локална полиција                    092

Цивилна гарда                         062

Пожарникари (бомберос)        080/081

Амбуланти (брза помош)        061

Помош на пат                          900 123 505

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...