Monthly Archives: January 2013

Локација за фан зона потврдена

Бидејќи денеска не се видовме со сите навивачи поради проблемите со пренасочувањето на авионот не бевме во можност да ги известиме за сите новини и да им ги дадеме мапите на градот и останатите брошури.

По ваше барање и договарање објавуваме дека фан зоната е најдена. Се наоѓа веднаш наспроти спортска сала и се вика Cerveceria “Las Huertas”. Улицата се вика Avenida 28 Febrero local 14/15. Утре пред натпреварот ќе ви поделиме картички со кои ќе добиете специјален попуст. Треба да ги покажите во моментот на порачување.

Утре сите да се најдеме пред салата San Pablo, 2 часа пред натпреварот за да ви ги поделиме картичките и мапите. Ве молиме споделете ја информацијава најбрзо, затоа што некои од навивачите кажаа дека немаат интернет.

Сопственикот се согласува да се пушта македонска музика и да се прославува.

Запознај ја Севиља

После долги билатерални и трилатерални преговори :), успеавме да издејствуваме разгледувања на градот со автобуси со специјални попусти за македонските навивачи. Колку повеќе патници, толку помалку ќе чини картата по човек. Па сите заинтересирани нека пишат на мејл преку контакт формата, за да имаме претстава за колку луѓе станува збор. Првиот автобус е за во понеделник, па кој е заинтересиран, нека пиши.

Исто така, очекувајте информации и за други организирани настани, како на пример фламенко, патување со брод по Гвадалкивир, посети на музеи, исто така со специјални попусти.

За Македонија со срце!

Да ги поддржиме нашите момци и да им дадеме сила! Оставајте само позитивни коментари, затоа што сега ним им се најпотребни!

Ракометарите денеска и вчера прашуваа колку ќе не’ има за да ги поддржиме и мотивираме.

На оваа страница нема место за барање виновници, туку само за поддршка, мотивација, сплотеност и македонски навивачки дух!

Затоа да не ја трошиме силата во барање виновници, туку да нудиме решенија!

 

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...