Шопинг

Не можеше да се погоди подобро време за почеток на првенството од средината на јануари, кога се однесува на шопингот. Од седми јануари па во тек на скоро 2 месеци траат зимските попусти. Навалицата е особено голема во продавниците за облека на C&A, Zara, H&M, Stradivarius, Bershka, Mango, Оysho, Pull & Bear, Promod и останати. Доколку имате среќа да ја преживеете гужвата и да зграбите парче облека, можете навистина да направите добра зделка (кошули од Манго или Зара за 5-10 евра, вечерни фустани за 20ина евра, итн.) Како што одминува времето на попустите, така паѓаат и цените, но исто така останува и се помалку роба. Најголем дел од стоката се разграбува во првите денови, а последниве години како што се продлабочува кризата, производите на попуст се продаваат се побрзо. Поради тоа, доколу сте заинтересирани за шопинг, ви препорачувам да поминете низ центарот на Севилја и да ги посетите продавниците.

Одличната работа кај сите продавници е што примаат враќање на купената стока, се разбира доколку не е користена или оштетена. Во зависност од продавницата, имате од 7 до 30 дена да ја вратите купената роба. Во најголем дел од случаите парите ќе ви бидат вратени во целост на оној начин на кој што сте платиле, или пак ќе ви дадат бон во износот на робата кој можете да го искористите во истата продавница. Малите самостојни продавници за облека обично ја враќаат робата единствено со издавање на вредносни бонови од истата, но сепак има исклучоци.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *