Добредојдовте во Севиља!

Почитувани посетители, добредојдовте на страницата посветена на градот Севиља во Шпанија, создадена исклучиво по повод светското првенство во ракомет кое ќе се одржи во јануари 2013 во Шпанија. Ждрепката одлучи Македонија да игра во групната фаза токму во Севиља, град во кој јас и мојата фамилија сме веќе 4 години и како што ни е познато, ние сме единствените Македонци во градот. Ја наменив оваа страница за да ги споделам сите информации кои ги знам во врска со градот, и да им ги пренесам на сите навивачи кои ќе пристигнат да ја бодрат нашата репрезентација на Мундијалот. Има голем број страници за Севилја, но ниту една на македонски.

Се надевам дека оваа страница ќе им помогне барем на еден дел од македонските навивачи – доколку е така, тогаш ја исполнила својата намена. Во следните постови ќе најдете информација за пристигнување во градот, транспорт низ градот како и пристигнување до спортската сала, потоа информации за продавници, супер/хипермаркети, ресторани, информација за времето, и слично. Страницата ќе биде обновувана во рамките на моите можности, се надевам дека секој ден ќе можам да поставувам по некоја нова содржина, па навраќајте повеќе пати за целосна информација. Доколку не можете да најдете нешто, а ве интересира, контактирајте ме преку мејл и ќе се обидам да ви одговорам најбрзо што можам.

Најновите 10 објави ќе ги најдете десно на страницата во „Најнови статии“, додека останатите се во „Архиви“ January 2013 или December 2012. Се трудиме статиите да ги поставиме во одредени категории, за подобар достап (види малку под Архиви). Ќе се обидам да ја зголемам прегледноста на постовите, за да ви биде полесно да ја најдете потребната информација. Огромна благодарност до Мирко Чешелкоски, кој ја направи страницата, а јас само ги објавувам статиите.

Поздрави, и се гледаме во Севиља.

Обновено: Голема благодарност до сопругата Јулија, која беше задолжена за контактот со медиумите и промовирање на страницата, потоа до Кире Лазаров и Зоран Мишевски поради објавувањето на веста на страната на Кире, до Марјан Ников од Сител за објавувањето на Сител, до порталот Кајгана, до Теа Модерна, како и до сите оние кои ја споделуваат оваа страница на Фејсбук, Твитер и што ли уште не. Ви благодариме за поддршката, помошта и убавите коментари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>